• сабота, 16 ноември 2024

Комисиска расправа за Предлог-законот за агенција за борба против тешките облици на организиран криминал и корупција

Комисиска расправа за Предлог-законот за агенција за борба против тешките облици на организиран криминал и корупција

Скопје, 20 април 2023 (МИА) - Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе ја одржи 56. седница, на чиј дневен ред е Предлог законот за агенција за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, поднесен од пратеникот Павле Трајанов.

Според Предлог-законот поставен на собраниската веб-страна, со формирање на агенцијата, крајната цел ќе биде искоренување на корупцијата во државава и изградба на современа демократска држава и држава полноправна членка на Европската Унија.

Со овој Закон, како што се посочува, во суштина се очекува да започне неселективна борба против криминалот и високата корупција, оваа борба ќе ја води државна институција врз која нема да има политичко влијание, влијание на бизнис центрите или коруптивно влијание и за прв пат во Република Северна Македонија ќе има силна и независна институција која ќе обезбеди и генерална превенција односно ќе ги одвраќа носителите на јавни функции да се вклучуваат во криминал, без страв дека ќе бидат гонети за тоа.

-Агенцијата ќе ги открива и сузбива тешките облици на организиран криминал и високата корупција, задолжително ќе предлага и конфискација на имот стекнат на криминален начин, ќе работи и ќе го открива скриениот имот во државата и странство на носители на јавни функции и ќе предлага негово одземање, но ќе предлага и забрана на политичко дејствување, со што ќе се спречи носителите на јавни функции кои се стекнале на незаконит начин со огромен капитал повторно да се вклучат во политиката и повторно да ги ограбуваат граѓаните, се вели во Предлог-законот.

Се очекува со агенцијата да раководи директор кој ќе го избира борд од 12 лица.фф/са/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан