• сабота, 16 ноември 2024

Комисиска расправа за нов Деловник на Собранието

Комисиска расправа за нов Деловник на Собранието

Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) - Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска ја почна расправата за нов деловник за работа на Парламентот. Новиот Деловник се носи во редовна постапка и е предложен од страна на претседателот на законодавниот дом Талат Џафери. Предлогот е резултат на петгодишни разговори на пратеничките групи во рамки на Жан Моне процесот, што се одвива со посредство на европратеници. 

Џафери образложувајќи го предлогот кажа дека за него има консензус, дека се носи во редовна постапка и оти на тој начин ќе има можност сите пратеници да поднесат амандмани.

- Текстот е оптимален, но не е идеален, рече Џафери. 

Предлог Деловникот очекувано доби поддршка и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Димитар Апасиев од Левица посочи повеќе забелешки и тоа двојазичноста која како што кажа се легализира во Собрание, неодѕивање на функционери на покана на Собрание, во делот кој може да свика седница, и легализирање на европското знаменце. Апасиев забележа дека ќе се укине филибастерингот односно ќе се стави ограничување на дебатите на комисиите. Најави амандмани за Деловникот за кои рече дека ќе се разговара за до крајот на годината да се донесе деловникот. 

Со новиот Деловник ќе има во еден дел суштински измени во работата на парламентот во делот на поставување пратенички прашања, собраниските комисии ќе имаат рок во кој ќе треба да ја завршат дебатата за одреден закон, ќе има промена во делот на процедуралните забелешки и друго. ев/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан