• петок, 20 септември 2024

Коментаторот Војнаровски ќе загуби околу 20 милиони долари поради напуштање на ESPN

Коментаторот Војнаровски ќе загуби околу 20 милиони долари поради напуштање на ESPN

Вашингтон, 19 септември 2024 (МИА) - Најпознатиот НБА-коментатор го напушти ТВ каналот ЕСПН каде работеше од 2017 година. 

Во 2022 година, новинарот потпиша петгодишен договор вреден 35 милиони долари со ТВ каналот.

Според Ендрју Маршанд од „Атлетик“, Војнаровски ќе загуби околу 20 милиони долари во текот на трите години што преостануваат од неговиот договор.

Поранешен новинар ќе биде тренер на кошаркарскиот тим на Универзитетот Сент Бонавентура. зс/

Фото: Икс

Остани поврзан