• петок, 22 ноември 2024

Комедијата „Веселинови“ вечер на „Скопско лето“

Комедијата „Веселинови“ вечер на „Скопско лето“

Скопје, 23 јули 2024 (МИА) - Во рамки на 45-та јубилејна манифестација „Скопско лето“, вечер во Сули ан ќе биде изведена комедијата „Веселинови“ во продукција на Драмското студио „Бронзена наметка“ - Штип.

Во претствата играат Оле Поцкова во улогата на Весела и Игор Стојанов - Баркли во улогата на Веселко. 

Како што информира Дирекцијата за култура и уметност - Скопје, претставата е авторски проект на Трајче Кацаров. 

- Весела и Веселко не се надвор од аглите и замките што ги поставува семејниот живот. Повеќе се противречни отколку категорични. Се плашат како деца и си играат како деца. Не ретко тонат во проблеми што извираат од плитките џепови, оддалеченоста од децата, од ноктите на државните грабливци. Плачливи се и тврдокорни. Напати се мили, напати се неподносливи. И во двата случаја се интересни, се вели во најавата за претставата. мд/вг/

Фото: Плакат 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан