• петок, 22 ноември 2024

Командантот на украинските копнени сили вели дека руската војска во Бахмут користи тактика на „изгорена земја“

Командантот на украинските копнени сили вели дека руската војска во Бахмут користи тактика на „изгорена земја“

Киев, 10 април 2023 (МИА) - Командантот на копнените сили на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски изјави дека руските сили во Бахмут почнале да користат тактика на „изгорена земја“ и додаде дека ситуацијата во градот е тешка, но под контрола. 

Непријателот се префрли на таканаречената тактика на „сириската“ изгорена земја“. Тие уништуваат згради и позиции со воздушни напади и артилериски оган. Одбраната на Бахмут продолжува. Ситуацијата е тешка, но под контрола“, рече Сирски.

Сирски нагласи дека украинските војници ги исцрпиле припадниците на руската паравоена група Вагнер, па Русија била принудена да вклучи специјални сили и воздушни единици во битката за Бахмут.

Според извештаите, на 9 април Сирски ги посетил најтешките сектори на фронтот на правецот Бахмут.

Инаку, „изгорена земја“ е назив за воена стратегија во која сè што може да биде од корист за непријателот намерно се уништува за време на повлекувањето. ссм/

фото: Гугл мап

Остани поврзан