• недела, 22 декември 2024

Кол Палмер во друштво на Дрогба и Лампард

Кол Палмер во друштво на Дрогба и Лампард

Лондон, 5 мај 2024 (МИА) - Ден пред својот 22 роденден, Кол Палмер уште еднаш покажа дека е посебен фудбалер. Во денешниот натпревар на неговиот Челси против Вест Хем, англискиот интернационалец го постигна првиот гол во убедливата победа од 5:0.

Така, тој сега има 16 гола на „Стемфорд Бриџ“ во сезоната во Премиер лигата, со што израмни рекорд. Највисокото достигнување го постави Дидие Дрогба во сезоната 2006/07, а три години подоцна го повтори уште една легенда на „сините“ – Френк Лампард.

Вкупно во досегашната кампања во елитата, Палмер веќе има 21 гол, а има и 9 асистенции. Така, тој веќе беше вклучен во најмалку 30 гола за Челси во една сезона во Премиер лигата. Пред него ова го имаа направено само Џими Флојд Хаселбенк (00/01), Лампард (04/05 и 09/10), Дрогба (09/10) и Еден Азар (18/19).

Сега поранешниот играч на Манчестер Сити има шанса дури и да оди пред познатите поранешни играчи на „сините“, бидејќи на неговиот тим му преостануваат уште три првенствени натпревари, - против Нотингем Форест, Брајтон и Бурнемаут. дс

Фото: Челси

Остани поврзан