Колумбија доби вакцини против Ковид-19 преку КОВАКС
- Колумбиија е првата земја на американскиот континент која прими вакцини против Ковид-19 во рамките на програмата КОВАКС поддржана од Обединети нации
Богота, 2 март 2021 (МИА) - Колумбиија е првата земја на американскиот континент која прими вакцини против Ковид-19 во рамките на програмата КОВАКС поддржана од Обединети нации.
Во главниот град на Колиумбија, Богота пристигнаа 117.000 дози вакцини на Фајзер-БиоНтек.
Панамериканската здравствена организација соопшти дека очекува да биде зголемен пристапот до вакцините преку КОВАКС.
Колумбија е трета по големина држава во Јужна Америка, а со имунизација на населението почна во средината на февруари.
Колумбиската Влада соопшти дека годинава планира да вакцинира 35 милиони луѓе, вклучително и стотиците илјади венецуелски мигранти и бегалци.ми/