• понеделник, 23 декември 2024

Колумбиски фудбалер почина на тренинг

Колумбиски фудбалер почина на тренинг

 

Санта Круз, 23 март 2024 (МИА) – Колумбискиот фудбалер Гиљермо Денис Белтран почина на 24-годишна возраст, за време на вчерашниот тренинг на неговиот боливиски клуб Реал Санта Круз.

Клубот соопшти дека Белтран починал од респираторна инсуфициенција, а неговите соиграчи рекоа дека почувствувал мачнина и набргу потоа паднал на земја. Клупските лекари повикале брза помош, која се обидела да го реанимира, но безуспешно.

„Тренираше како и обично, а потоа колабираше. Се обидоа да го реанимираат, но тој почина додека беше префрлен во болница“, изјави менаџерот на Санта Круз, Адолфо Сорија Галваро.

Претседателот на Фудбалската федерација на Боливија, Фернандо Коста изрази сочувство до семејството и рече дека ќе го поддржи клубот и семејството на Белтран. Тој додаде дека ќе се спроведе истрага. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан