• сабота, 16 ноември 2024

Колективна изложба „Пролетен салон 2020“

Колективна изложба „Пролетен салон 2020“

Тетово, 15 октомври 2020 (МИА) - Членовите на Здружението на ликовни уметници на град Тетово вечерва се претставија со колективна изложба „Пролетен салон 2020“ во просториите на националната установа „Уметничка Галерија Тетово“.  Традиционално изложбата се одржува на пролет, а одложувањата поради пандемијата се причина да се одржи сега.

-Учесниците нудат различни идео-естетски и стилски решенија, но само преку традиционалниот и модерен ликовен јазик. Факт е дека на оваа изложба уметниците индивидуално се доближија во една организирана целина следејќи го моделот од минатото. Обезбедуваат квалитетен, но и квантитетен континуитет на уметничка креативност. Оваа изложба претставува еден мозаик на уметнички креации почнувајќи од изборите на темите и мотивите, техники како и употребените материјали, истакна на отворањето Јелдез Асани, уметнички критичар на изложбата.

Со свои дела се претставија 36 уметници.  Изложбата ќе биде отворена една недела.ас/скс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан