• среда, 27 ноември 2024

Колева: Усвено законското решение, помагаме на близу 200.000 граѓани во време на криза

Колева: Усвено законското решение, помагаме на близу 200.000 граѓани во време на криза

Скопје, 16 ноември 2022

Грижата за нашите сограѓани во време на најголема светска економска криза продолжува. Вчера Собранието го усвои Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза.Законот кој е дел од пакетот мерки за помош на граѓаните вклучува финансиска поддршка во износ од 3.000 денари месечно, во наредните четири месеци, за следните групи:Лицата кои го користат правото за попреченост, родителите на децата со попреченост до 26 годишна возраст кои користат право на посебен додаток, лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице , а не користат право заради попреченост лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, а не користат право заради попреченост.Поддршка е обезбедена и за самохраните родители корисници на гарантирана минимална помош, за стечајните работници како и за корисници на правото на социјална сигурност на стари лица.Дополнително, директна финансиска поддршка во наредните четири месеци е обезбедена и за пензионерите кои земаат до 11.525 пензија, а тоа се над 91.600 како и за пензионерите кои земаат пензија од 11.525-14.000 денари, односно над 66.000 пензионери.Вкупно со овој закон се опфатени речиси 200.000 лица, наши сограѓани кои се со ниски примања.Со овој Закон помошта ја лоцираме директно кај оние семејства кои имаат најмногу потреба од помош во време на криза.Како парламентарно мнозинство ќе продолжиме да работиме на законски решенија кои обезбедуваат поддршка и помош на сите граѓани, но и на домашните компании за справување со последиците од економската и енергетската криза.Грижата за сите продолжува.

Даниела Колева, пратеничка на СДСМ

___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан