• понеделник, 23 декември 2024

Коен: Израел по војната ќе спроведува безбедносна контрола во Газа, Палестинската управа не е решението

Коен: Израел по војната ќе спроведува безбедносна контрола во Газа, Палестинската управа не е решението

Ерусалим, 18 ноември 2023 (МИА) –Шефот на израелската дипломатија и член на политичко-безбедносниот кабинет Ели Коен денеска изјави дека Палестинската управа (ПА) не е решение за прашањето за идното управување со Газа.

Во интервју за израелскиот Канал 12, тој кажа дека ќе има „во секое време ќе има израелска безбедносна контрола од реката Јордан до Средоземно Море“, објави весникот „Хаарец“.

Палестинската управа „до денеска не го осуди настанот на 7 октомври“ и „продолжува да ги исплаќа платите на убијците на Евреите“, кажа Коен.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, претходно денеска изјави дека само Палестинската управа може да управува со Појасот Газа кога ќе заврши војната меѓу Израел и Хамас, пренесоа британските медиуми.

-Хамас веќе не може да ја контролира Газа, рече Борел во Манама, Бахреин, на годишната конференција за надворешна и безбедносна политика, каде ја отфрли можноста Газа во иднина да биде управувана од Хамас.

Палестинската управа е тело формирано во јуни 1994 година врз основа на Договорот од Осло, кој една година претходно го потпишаа Палестинската ослободителна организација (ПЛО) и Израел, а се однесува на Појасот Газа и Западниот Брег. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан