КОВИД-19 ќе ги зголеми трошоците за вештачка интелигенција
- Според ажурираната прогноза, решенијата за вештачка интелигенција засновани на облак ќе станат пораспространети од очекуваните, иако некои индустрии ќе ги ревидираат своите планови.
Лондон, 9 април 2020 (МИА) - Пред почетокот на пандемијата од КОВИД-19, експертите на ИДЦ предвидоа дека трошоците за вештачка интелигенција (ВИ) во Европа би изнесувале околу 10 милијарди американски долари во 2020 година, со просечна годишна стапка на раст од 2023 година за 33 отсто. Сепак, пандемијата ги натера аналитичарите да ја преразгледаат нивната прогноза.
Според ажурираната прогноза, решенијата за вештачка интелигенција засновани на облак ќе станат пораспространети од очекуваните, иако некои индустрии ќе ги ревидираат своите планови.
- После избувнувањето на КОВИД-19, многу индустрии - како транспорт, лични и потрошувачки услуги - ќе бидат принудени да ги намалат своите инвестиции во технологијата, коментира Андреа Минон, постар аналитичар во ИДЦ.
ВИ, од друга страна, според него е технологија која може да игра важна улога во помагањето на деловните субјекти и општеството да се справат и да се решат прашањата, поврзани со карантинот и тоа во големи размери.
- Во сите сектори, јавниот сектор ќе ги забрза инвестициите во вештачката интелигенција, предвидува Минон.
На пример, болниците гледаат на ВИ како средство за забрзување на дијагнозата и тестирање на КОВИД-19 и обезбедување автоматско далечинско советување за пациенти во изолација. Во исто време, владите ќе го користат ВИ за проценка на усогласеноста со барањата за социјална изолација.
Аналитичарите на ИДЦ го испитале влијанието на КОВИД-19 врз 181 европски компании и откриле дека заклучно со 23 март, 16 отсто од нив веруваат дека автоматизацијата со употреба на ВИ и други нови технологии може да им помогне да го минимизираат влијанието на коронавирусот.
Недостаток на вработени и прекини во синџирите на снабдување ќе доведат до потреба да се автоматизираат сите процеси на производство, се вели во анализата на ИДЦ.