• среда, 03 јули 2024

КОВИД-позитивни 72 во изминатите три дена, 60 од нив се во Скопје

КОВИД-позитивни 72 во изминатите три дена, 60 од нив се во Скопје
Скопје, 10 октомври 2022 (МИА) - Нови 72 случаи на КОВИД-19 се регистрирани во изминатите три дена (7, 8 и 9 октомври) од вкупно 871 направен тест, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новите случаи, 60 се во Скопје, три во Куманово, по два случаја имаат Битола и Велес и по еден Прилеп, Охрид, Струмица, Струга и Ресен. Од вкупниот број позитивни (72), 18 се реинфекции.
Регистрирани се 161 оздравен пациент:  Скопје – 116, Битола – седум, Куманово, Прилеп и Кичево по четири, Велес, Охрид, Кавадарци, Неготино и Кратово по три, по двајца оздравени има во Тетово, Штип, Гевгелија и Берово и по еден во Струмица, Гостивар и Виница.
Во изминатите три дена не се пријавени починати лица, а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, пријавени се четири починати, со датум на смрт од 14 септември до 6 октомври 2022. Тројца се од Скопје, на возраст од 96, 80 и 73 години, и еден од Кавадарци на 58-годишна возраст. Тројца починале во домашни и едно лице во болнички услови.
Епидемиолошки анализи на вкупен број заболени и на активни случаи по градови:
Скопје         161 776, Активни   238
Куманово     18 231, Активни    15
Битола        17 955, Активни    18
Прилеп       15 505, Активни    12
Тетово        14 470, Активни    9
Кавадарци    12 087, Активни    6
Велес             10 804, Активни    7
Охрид             10 313, Активни    8
Гостивар      10 275, Активни    0
Струмица     8781, Активни     5
Штип              8760, Активни     6
Кичево        6075, Активни     1
Кочани         5544, Активни     0
Струга         5172, Активни     1
Гевгелија        4881, Активни     2
Неготино       4146, Активни     3
Ресен               3030, Активни     1
Радовиш     2836, Активни     1
Свети Николе   2795, Активни     1
Крива Паланка  2660, Активни     0
Делчево       2183, Активни     0
Берово       1875, Активни     1
Дебар             1812, Активни     0
Валандово   1600, Активни     0
Виница      1478, Активни     0
Пробиштип   1299, Активни     0
Кратово      1129, Активни     1
Богданци    1101, Активни     0
Крушево     1038, Активни     1
Демир Хисар   929, Активни      0
Македонски Брод   800, Активни      2
Демир Капија      628, Активни      0
Македонска Каменица    534, Активни      0
Пехчево     519, Активни      0
Дојран      370, Активни      0
Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата досега изнесува 343 391 од направени  2 174 086 тестирања. Оздравеле 333 504, починале 9548 луѓе, а активни се 339 случаи. хс/дма/

Остани поврзан