• вторник, 05 ноември 2024

КОВЗРГ: Ги поддржуваме мудрите чекори во натамошната црковна дипломатија

КОВЗРГ: Ги поддржуваме мудрите чекори во натамошната црковна дипломатија
Скопје, 20 мај 2022 (МИА) - Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) информира дека со особена внимателност ги следи актуелните случувања околу меѓународната активност на нашата Македонска православна црква - Охридска архиепископија и интеракцијата со сестринските помесни православни цркви и ги подржува мудрите чекори во понатамошната црковна дипломатија. - Радува тоа што после Одлуката на Вселенската патријаршија со која се призна и прифати во канонско единство нашата древна и славна Охридска архиепископија се отпочна и со евхаристиско општење помеѓу помесните Македонската и Српската православна црква, во кои се воцрквуваат блиските народи македонскиот и српскиот, стои во соопштението на КОВЗРГ. Разрешувањето на македонското црковно прашање, се додава во соопштението, е процес во кој верниот македонски народ и црковниот клир со децении се соочуваат со безброј предизвици, препреки, неправди и понесуваат голема жртва, но во светло на конечното препознавање на канонската исправност и автокефалниот статус кој во полнота го живее Македонската православна црква - Охридската архиепископија од православната екумена, патот на македонската црква говори за нејзината смиреност, длабока и древна духовност која повеќе од милениум го чува светото црковно предание. нд/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан