• понеделник, 23 декември 2024

Ковени: Договор меѓу ЕУ и Британија е можен пред крајот на годината

Ковени: Договор меѓу ЕУ и Британија е можен пред крајот на годината
Брисел, 13 октомври 2020 (МИА) - Договор меѓу Европската унија и Велика Британија за нивните идни односи е можен пред крајот на оваа година, но времето истекува, изјави денеска ирскиот министер за надворешни работи, Сајмон Ковени. - Патувањето за Брегзит продолжува уште малку, рече Ковени на маргините на министерскиот состанок на ЕУ во Луксембург. - Сите треба да се осигураме дека правиме се што можеме ... за да овозможиме да се постигне договор во следните неколку недели, бидејќи ни снемува време, рече ирскиот министер, додавајќи дека крајниот рок е крајот на овој месец, а потоа „навистина истекува“ времето да се ратификува „кој било договор што може да се постигне “. паг/  

Остани поврзан