Ковач нов тренер на Волфсбург
- Бундеслигашот Волфсбург денес го назначи Нико Ковач за главен тренер.
Волфсбург, 24 мај 2022 (МИА) – Бундеслигашот Волфсбург денес го назначи Нико Ковач за главен тренер.
Според прес-службата на клубот, педесетгодишниот Хрват потпишал договор до крајот на сезоната 2024/25.
Претходно „волците“ ја прекина соработката со главниот тренер Флоријан Кохфелд.
На крајот од сезоната 2021/22, Волфсбург освои 42 бода и заврши на 12. место во Германското фудбалско првенство. зс/