Ковачевски – Григоријан: Поддршка од УНДП за натамошните чекори во евроинтеграциите
- Поддршка за натамошните чекори на Република Северна Македонија во интеграцијата кон Европската Унија, била изразена на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски со Армен Григоријан, по
Скопје, 8 ноември 2022 (МИА) - Поддршка за натамошните чекори на Република Северна Македонија во интеграцијата кон Европската Унија, била изразена на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски со Армен Григоријан, постојан претставник на УНДП во земјава, придружуван од Хиронори Савада, амбасадорот на Јапонија во нашата држава.
Како што соопшти владината прес-слижба, на средбата констатирано е дека УНДП може да помогне во пристапниот процес кон ЕУ, во рамки на реформите.
-Исто така разговарано е за значењето на Националната стратегија за развој што ја спроведува УНДП во земјава и придонесот во развојот на демократско општество, унапредување на социјалната инклузија, во заштитата на животната средина, во делот на иновациите, се додава во соопштението.
Премиерот Ковачевски се заблагодари за континуираната поддршка од страна на УНДП, во изградбата на институциите, развојот на економијата, образованието, инфраструктурата, спроведувањето на зелената агенда во земјава, до денешниот придонес во напредокот на евроинтеграциите.
Владата, како што посочил Ковачевски, е фокусирана на решавањето на актуелните предизвици во областа на енергетиката и паралелно со тоа на евроинтеграцискиот процес, со цел да се осигура европски квалитет на живот за граѓаните.
На состанокот е разговарано и за пријателската и значајна соработка со Јапонија од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу двете држави, во пресрет на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Република Северна Македонија и Јапонија.дма/са/