• вторник, 24 декември 2024

Ковачевски: Се додека нема оценка за стратешките инвестиции за филмски студија на Џон Малкович во Скопје, Владата не може да носи одлука

Ковачевски: Се додека нема оценка за стратешките инвестиции за филмски студија на Џон Малкович во Скопје, Владата не може да носи одлука

Скопје, 28 јули 2023 (МИА) - Се работи за проект кој што е поднесен од група на приватни инвеститори и тој се разгледува од работна група, којашто работи на оценка на стратешките инвестиции. Се додека нема оценка за сите аспекти на можната предложена идеја за инвестиција, тогаш Владата не може да носи одлука, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски одговорајќи на прашање дали ќе се разгледува проектот за филмските студија што американскиот актер Џон Малкович сака да ги гради во Скопје.

Тој напомена дека стратешките инвестиции се гледаат од повеќе аспекти и се оценува дали се согласно стандардите наведени во Законот за стратешки инвестиции.

-Стратешките инвестиции се гледаат од повеќе аспекти, од аспект на тоа дали инвеститорот има обезбедено простор, начинот на финансирање, што ќе прави на тој простор, дали планира во овој случај да прави филмски студија или станбен простор. Кога сето тоа ќе се разгледа и доколку работната група оцени согласно стандардите наведени во Закон за стратешки инвестиции дека тоа е добар проект, тогаш се поднесува до Владата, рече Ковачевски, кој присуствуваше на поставување камен темелник на новиот објект на Полициската станица од општа надлежност Аеродром.бт/бак/

 

Остани поврзан