• петок, 22 ноември 2024

Ковачевски: СДСМ ќе има претседателски кандидат, одлуката е на ДУИ дали ќе го поддржи или ќе одат со свој кандидат

Ковачевски: СДСМ ќе има претседателски кандидат, одлуката е на ДУИ дали ќе го поддржи или ќе одат со свој кандидат

Скопје, 19 февруари 2024 (МИА) - СДСМ својот претседателски кандидат ќе го има на крајот на овој или на почетокот на идниот месец и тој ќе биде подддржан од нашите коалициски партнери. Нашиот кандидат сега и во минатото, и нашите влади покажале дека со нас има европска Македонија, Македонија во полноправно членство во НАТО, со другите нема, изјави денеска во Скопје претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски.

-СДСМ својот претседателски кандидат ќе го има на крајот на овој месец или на самиот почеток на идниот месец. Претседателскиот кандидат којшто ние ќе го предложиме ќе биде подддржан од нашите коалициони партнери. Колку претседателски кандидати ќе има во државата тоа зависи од  политичките партии. Нема да се мешам во тоа дали некоја политичка партија ќе кандидира претедателски кандидат или нема да кандидира, дали некој поединец ќе се кандидра. Сепак ние сме демократско општество и секој кандидат, секоја политичка партија има право да кандидира за секоја функција. Она што знам е дека нашиот претседателски кандидат ќе биде поддржан од политички партии коишто биле со нас во коалиција, кои се со нас во коалиција и коишто ќе бидат на идните избори со нас во коалиција, со коишто веќе отпочнуваме разговори во однос на конкретното настапување на изборите, рече Ковачевски по учеството на панел дискусија со студенти на тема „На студентско столче: Перспективи за политики, напредок и промена“.

На новинарско прашање тој истакна дека ДУИ има опција или да го поддржи претседателскиот кандидат којшто СДСМ ќе го предложи или да кандидра свој претседател, и потенцира дека е тоа одлука која треба да ја донесе партијата на ДУИ.

-СДСМ ќе има претседателски кандидат и ги повкуваме сиге прогресивни политички партии, поединци невладини органзиции, организации да го поддржат тој кандидат и да ни се приклучат во таа коалција. Оние партии поединци, организции коишто сакаат да се приклучат се разбира низ разговор, кон поддршка на еден таков кандиат, а нашиот кандидат и сега и во минатото, и нашите влади покажале дека со нас има европска Македонија, има Македонија во полноправно членство во НАТО. Со другите нема, бидејќи се покажало 11 години, и четири пред тоа, ниту има ЕУ, ниту има НАТО, Тие коишто сакаат ќе ни се приклучат, тие коишто сметаат дека треба да настапуват со свои кандидати, ние сме демократско општество и секој настапува со кандидати на начин на којшто смета дека треба да настапува. Така да никогаш не било ниту кажано, ниту пак разговарано дека нешто мора да се случи, наведува Ковачевски.

Тој кажа дека со Али Ахмети во последните денови се немале видено, но најави дека тие двајцата ќе одржат средба во блиска иднина.

-Ние имавме состаноци во нашата партија со Извршниот штаб, со комисиите, итн, бидејќи работиме на финализирање на Програмата за изборите, и на дефинирање на деталите во однос на изборниот настап, како во партијата, така и со коалиционите партнереи. Сигурно дека ќе се сретнеме во блиска иднина. Меѓутоа, сепак партиите се тие коишто одлучуваат, исто како што СДСМ одлучува, сите други партии исто така одлучуват, рече Ковачевски.

За можна кандидатура на Ахмети за претседателски кандидат, претседсателот на СДСМ упати одговор да побараат во ДУИ 

-Ние ќе имаме наш претседателски кандидат, а дали ќе се кандидра и кој ќе биде кандидат на ДУИ, тоа ќе мора нив да ги прашате, јас не можам да ви одговорам, ниту пак имам информација, вели претседателот на СДСМ Ковачевски. вг/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан