• среда, 08 мај 2024

Ковачевски: Рамазан Бајрам е празник на меѓусебна почит и разбирање, да продолжиме да градиме општество еднакво за сите

Ковачевски: Рамазан Бајрам е празник на меѓусебна почит и разбирање, да продолжиме да градиме општество еднакво за сите

Скопје, 10 април 2024

Претседатаелот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам. 

"На сите припадници на исламската вероисповед во нашата земја, им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам. 

Во овие празнични денови, ви посакувам искрени желби за радост, спокој, благосостојба и духовна сила. 

Рамазан Бајрам е празник на меѓусебна почит, солидарност и разбирање.Токму врз овие вредности, ние заедно го градиме нашето општество кое е еднакво за сите и токму со оваа наша посебност ја интегрираме државата во големото европско семејство на народи и држави", стои во честитката на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: МИА архива

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан