• петок, 22 ноември 2024

Ковачевски: Работна група работи на подготовка на предлог за платите на именуваните и избрани функционери

Ковачевски: Работна група работи на подготовка на предлог за платите на именуваните и избрани функционери

Скопје, 3 јануари 2024 (МИА) - Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски истакна дека работна група работи на подготвување на предлог за платите на именуваните и избрани функционери.

-Во однос на платите на избрани и именувани функционери, градоначалници, судии, пратеници, обвинители, директори, 21 министер...Во однос на тоа, има работна група која работи на предлог кој треба да биде доставен до Собранието и Собранието да го каже својот финален збор, рече Ковачевски на презентација на првата странска инвестиција во 2024 година во ТИРЗ.

На новинарско прашање дека работната група работи една година и зошто се чека толку за закон, Ковачевски одговори дека тоа треба да го каже работната група. 

-Ги прашувам, велат дека работат, рече тој.

Ковачевски потенцира дека нему не му следува покачувањето од 400 евра, што именуваните и избрани функционери ќе го добијат од овој месец, бидејќи, како што рече, од 28 јануари ќе настапи техничка влада.

-На мене не ми следува покачување, бидејќи јас на 28 јануари ќе има седница на Собрание на која ќе настапи техничка влада со технички премиер, рече тој. фф/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан