• недела, 22 декември 2024

Ковачевски очекува плодна дискусија за уставните измени и натпартиски консензус за евроинтеграцијата на државата

Ковачевски очекува плодна дискусија за уставните измени и натпартиски консензус за евроинтеграцијата на државата

Скопје, 19 јули 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека околу уставните измени очекува да има плодна дискусија, конструктивна расправа и оти ќе има натпартиски консензус за продолжување на европската интеграција на државата.

-Владата вчера информираше преку соопштение и преку објавување на интегралниот текст на предлог иницијатива за уставни амандмани дека одлуката едногласно е донесена и доставена вчера до Собранието. Собранието согласно своите процедури ќе ја организира прво работата на Уставната комисија, потоа и на пленарна седница. Бидејќи евроамбасадорот е тука, многу јасно кажува дека сега од нас зависи, од одлуките коишто ние ги носиме, како и на кој начин и колку брзо ќе го продолжиме и завршиме патот на европската интеграција, рече Ковачевски, кој заедно со амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на Европската унија, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски и Ејуп Рустеми, директор на јавното претпријатие „Државни патишта“ беа на теренска посета на делницата Градско – Дреново на кракот Xd на паневропскиот Коридор X.

Премиерот смета дека се работи за уставни измени кои што, како што рече, не задираат во ниту едно идентитетско прашање.  

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека околу уставните измени очекува да има плодна дискусија, конструктивна расправа и оти ќе има надпартиски консензус за продолжување на европската интег

-Вчера беа објавени, немаше ниту негативен коментар ниту во медиумите, ниту каде било. Ние сме мултиетничко мултипрофесионално општество кое што е пример за Европа во мало. И сметам дека нашите 120 пратеници на број во Собранието ќе имаат и визија, ќе имаат и доблест и храброст да донесат одлука која што ќе значи европска интеграција на државата и пред се обезбедување на подобра европска иднина за сегашните и за идните генерации, рече Ковачевски.  

Владата вчера попладне го доставила Предлогот за уставни измени до Собранието веднаш по завршувањето на 171. седница на која премиерот и министрите го усвоија Предлогот. 

-На 171-та седница на Владата, одржана на 18.7.2023 година, точка 48, разгледана е Информација со Предлог за уставни измени, утврден е Предлогот и доставен е до Собранието веднаш по завршувањето на седницата, информираат од Владата за МИА. фф/ац/

Фото: МИА архива/Принтскрин од стрим од ФБ

Остани поврзан