• сабота, 23 ноември 2024

Ковачевски на средба со поглаварите на верските заедници: Добрата соработка ќе продолжи

Ковачевски на средба со поглаварите на верските заедници: Добрата соработка ќе продолжи
Скопје, 1 февруари 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со поглаварите на верските заедници во земјава - на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи, на Католичката црква, монсињор Киро Стојанов, бискуп скопски и струмичко-скопски епарх, со претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви и со Марјан Димов, суперинтендент на Евангелско-методистичката црква, каде напомена дека добрата соработка со верските заедници ќе продолжи и во иднина. Ковачевски на средбата беше придружуван од првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски. На состанокот, како што соопштија од владината прес-служба, се изразени честитки за мандатот на премиерот Ковачевски и за изборот на новата Влада, како и благодарност за денешниот прв состанок, организиран на највисоко политичко ниво, што е оценет како достоинствено внимание кон верските заедници и продолжување на добрата соработка со Владата.-Премиерот Ковачевски напомена дека добрата соработка со верските заедници ќе продолжи, и посочи дека нема нерешливи прашања кога се работи според принципот на почитување и дијалог и дека тој како премиер и оваа, политички стабилна Влада, се определени да ги продолжат и унапредат ефикасните политики, што даваат резултати во полза на сите граѓани, соопштија од Владата.Исто така, на средбата заеднички било констатирано дека успешната изградба едно општество за сите, во последниве години, е придобивка за сите граѓани, а во таа насока е истакната и добрата соработката меѓу верските лидери, како придонес во воспоставувањето меѓусебна доверба и почитување меѓу заедниците.На состанокот се разгледани повеќе актуелни прашања, кои биле истакнати како важни од страна на претставниците на верските заедници, присутни на средбата.бт/дма/

Остани поврзан