• четврток, 19 декември 2024

Ковачевски на работен ручек на високo ниво на Светскиот eкономски форум 

Ковачевски на работен ручек на високo ниво на Светскиот eкономски форум 

Скопје, 18 септември 2023 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, учествувал на работен ручек со светската бизнис и политичка елита, во организација на Светскиот економски форум во Њујорк.

На собирот учествувале високи претставници на политичко ниво од земјите од Г7, Европа, Азија и регионот, како и на водечки светски мултинационални компании, меѓу кои на Амазон, Мастеркард и други.    

Како што соопштија од владината прес-служба, на ручекот се разговарало за начините за зајакнување на основната доверба неопходна за унапредување на заедничката глобална агенда во сегашниот предизвикувачки геополитички контекст, во кој е потребно да се одржи и постигне напредок за критичните економски, еколошки и општествени приоритети.

- На ручекот, премиерот Ковачевски оствари повеќе значајни контакти во насока на воспоставување или продолжување економска соработка, информираа од Владата. цр/

Фото:Влада на Република Северна Македонија 

 

Остани поврзан