• понеделник, 23 декември 2024

Ковачевски на „Винска визија на Отворен Балкан“: Голем интерес за македонските вина и храна

Ковачевски на „Винска визија на Отворен Балкан“: Голем интерес за македонските вина и храна

Белград, 16 ноември 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски при учеството на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ што беше отворен денеска во Белград, им даде поддршка на претставниците од над 70 македонски изложувачи, винарии, дестилерии, гастрономски компании, од туристичката дејност.

Премиерот го поздрави интересот за присуство на саемот и оцени дека постигнатите успеси во квалитетот на македонското вино познато во светот, македонската храна и туристичката понуда се амбасадорска промоција на Република Северна Македонија во регионот, Европа и светот. 

Ковачевски најави уште позасилени активности на Владата кон отворањето нови пазари за компаниите и кон европскиот пазар.

Саемот за вино, храна и туризам во Белград е значајна можност за воспоставување деловни релации и размена на искуства меѓу компаниите и присутните од различни држави. Посетителите на саемот, во следните дена, имаат можност да вкусат автентични македонски вина и храна, коишто, заедно со српската и албанската понуда, се на нивото на врвен светски квалитет, како и да се запознаат со туристичките потенцијали на државите.вј/лв/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан