• понеделник, 23 декември 2024

Ковачевски најави средба меѓу оризопроизводителите и ресорниот министер

Ковачевски најави средба меѓу оризопроизводителите и ресорниот министер
Штип, 7 февруари 2022 (МИА) - Кочанските оризопроизводители утре ќе го блокираат регионалниот пат Штип-Кочани кај селото Облешево. Меѓу барањата на оризопрпроизводителите е средба со премиерот и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, со цел да се најде решение за откупната цена на оризовата арпа. Премиерот, Димитар Ковачевски при денешната посета на фабриките во ТИР зоната во Штип на оризопроизводители им порача дека ресорниот министер и неговиот тим ќе имаат средба на којашто можат да ги презентираат барањата. -Ние за секој ресор имаме министерство во рамки на Владата, така да министерот за земјоделие со својот тим нормално, со сиот капацитет, со кој располага министерството за земјоделие ќе ги сослуша, ќе ги погледа барањата на оризопроизводители и во согласност со Програмите со коишто располага државата, согласно буџетските средства и согласно плановите јас се надевам дека ќе изнајадат решение со кое ќе биде на обостран интерес, вели Ковачевски. Протестот на кочанските оризопроизводители е најавен утре во 10 часот во селото Облешево. вдј/аа/

Остани поврзан