Ковачевски и Матевски ги посетија работниците во РЕК Битола
- Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски, Новата година ја дочекаа со работниците во РЕК Битола.
![Ковачевски и Матевски ги посетија работниците во РЕК Битола](https://new.mia.mk/images/20221112021416_big_730x400_76.webp )
Скопје, 1 јануари 2022 (МИА) - Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски, Новата година ја дочекаа со работниците во РЕК Битола.
Ковачевски и Матевски им ја честитаа Новата година и им се заблагодарија на вработените што секојдневно го даваат својот придонес во справувањето со енергетската криза во земјава.
Како што соопштуваат, повеќе јаглен, повеќе струја, подобри резултати се цели и на работниците и на менаџментот на АД ЕСМ и РЕК Битола.
- Вработените велат дека не паметат кога последен пат во минатото директори на АД ЕСМ и на РЕК Битола ја поминале новогодишната ноќ заедно со нив. Ги споделија со менаџментот желбите за добро здравје во новата година и успех во работата. Повеќе јаглен, повеќе струја, подобри резултати се цели и на работниците и на менаџментот на АД ЕСМ и РЕК Битола, информираат од ЕСМ.фф/лв/
![Васко Ковачевски и Пеце Матевски со работниците во РЕК Битола](/articles/images/%d0%ba%d0%be%d0%b2%d0%b0%d1%87%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b8-%d/HQ8psxylt/placeholder.webp?use_watermark=0)