• сабота, 23 ноември 2024

Ковачевски: Има доволно струја за домаќинствата, цената останува иста

Ковачевски: Има доволно струја за домаќинствата, цената останува иста
Скопје, 22 октомври 2021 (МИА) - Производството на електрична енергија за домаќинствата е стабилно, а цената на струјата за домаќинствата нема да се менува. Акционерското друштво „Електрани на Северна Македонија“ го засили ископот на јаглен во РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“, заради стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата и го оптимизира производството во хидроелектраните, гасната и ветерната електрана, изјави директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Ковачевски најави склучување на договор за набавка на јаглен за РЕК „Осломеј“ за негова континуирана работа од декември до април 2022 година. Додека за РЕК „Битола“, тој информираше дека повторно е распишан повик, со цел да се добие поголемо количество на јаглен, со поволна цена која ќе има економска оправданост. - Истовремено, се прават координации со ТЕЦ „Неготино“ за започнување со работа на оваа термоелектрана и доколку се обезбеди мазут, истата ќе се стави во функција, вели Ковачевски, додавајќи дека електрична енергија за домаќинствата има доволно и дека цената останува иста. Тој појасни дека поради високите цени на берзите во регионот и во Европа, набавката на јаглен ја спроведуваат по препорака на Владата, во соработка со Стопанската комора,  на отворен пазар. Набавката е наменета за стопанството и институциите, со цел тие да се снабдат со електрична енергија по пониски цени од моменталните. ки/сп/

Остани поврзан