• вторник, 05 ноември 2024

Ковачевски - Галагер: Високо ниво на меѓусебна доверба и пријателство во односите меѓу Северна Македонија и Ватикан

Ковачевски - Галагер: Високо ниво на меѓусебна доверба и пријателство во односите меѓу Северна Македонија и Ватикан
Скопје, 17 јуни 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Преспа форумот за дијалог во Охрид имаше средба со секретарот за односи со државите на Светата Столица (Ватикан) Пол Ричард Галагер на која, како што информира владината прес-служба, изрази благодарност за аудиенцијата и средбата со папата Франциск во Ватикан на 23 мај, за време на прославата на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.
- На средбата, на која присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, беше истакнато дека дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Ватикан од воспоставувањето на дипломатските односи бележат континуиран развој со високо ниво на меѓусебна доверба, разбирање и пријателство, а круна на интензивните пријателски односи беше посетата на папата Франциск на нашата земја во мај 2019 година, се наведува во соопштението.
Соговорниците на состанокот истакнаа дека духовните врски меѓу Северна Македонија и Ватикан се зацврстени со наследството и христијанските вредности на делото на Мајка Тереза и светите Кирил и Методиј, кои се преточуваат во пријателските политички односи меѓу двете држави и кои се од значење и за регионот.
-Премиерот Ковачевски и секретарот за односи со државите на Светата Столица (Ватикан) Пол Ричард Галагер разговараа и за подготовките за потпишување договор односно конкордат меѓу Северна Македонија и Светата Столица за регулирање на статусот на Католичката црква во нашата земја со што ќе се отворат нови потенцијали за соработка во повеќе области од заемен интерес, соопшти прес-службата на Владата. хс/вј/

Остани поврзан