• понеделник, 23 декември 2024

Ковачевски - Вуцас: Силна поддршка од Австрија за европерспективите на земјава

Ковачевски - Вуцас: Силна поддршка од Австрија за европерспективите на земјава
Скопје, 7 февруари 2022 (МИА) - Австрија изразува силна поддршка за европерспективите на Северна Македонија и ја поздравува новата динамика во преговорите помеѓу Скопје и Софија, порача австрискиот амбасадор во земјава Георг Вуцас на денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски. Како што соопшти владината Прес-служба, Ковачевски на средбата се заблагодари за пријателската и принципиелна поддршка што Австрија ѝ ја дава на Северна Македонија во сите области. - Република Австрија е стратешки економски партнер на нашата држава и голем пријател и поддржувач на демократските и интеграциските процеси на нашата држава. Продолжуваме да ги унапредуваме билатералните односи помеѓу двете држави. А на планот на евроинтеграциите посветени сме на изнаоѓање решенија во духот на европските вредности, рече премиерот Ковачевски. сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан