• понеделник, 25 ноември 2024

Ковачевски во УНДП: Со поддршката исполнуваме стратешки цели на државата и квалитетен живот на граѓаните

Ковачевски во УНДП: Со поддршката исполнуваме стратешки цели на државата и квалитетен живот на граѓаните

Скопје, 4 мај 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на САД, оствари средба со Ивана Живковиќ, помошник генерален секретар и директор за Регионално биро за Европа – УНДП, информираа вечерва од владината прес-служба.

На средбата на која присуствувала и заменик претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, се разговарало за активности и поддршката на УНДП за Република Северна Македонија, кои опфаќаат повеќе области како енергетика, животна средина, социјален развој, здравство, демократско управување, зелено финансирање.

Ковачевски изразил задоволство за насоките дадени од оваа значајна меѓународна организација, во справувањето со енергетската и економската криза.

На средбата било потенцирано дека и во иднина ќе продолжи да се унапредува соработката на УНДП со нашата држава, во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, како и поддршка во исполнувањето на стратешките цели на државата. бд/лв/

Фото: Влада

Остани поврзан