• понеделник, 23 декември 2024

Ковачевски - Бенгтсон: Голема поддршка од Шведска за напредокот на Северна Македонија во евроинтеграциите

Ковачевски - Бенгтсон: Голема поддршка од Шведска за напредокот на Северна Македонија во евроинтеграциите
Скопје, 26 август 2022 (МИА) - Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и амбасадорката на Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон, на денешната средба по повод завршувањето на нејзиниот мандат во земјава го потврдија искреното пријателство помеѓу двете држави и принципиелната соработка којашто се унапредува. Како што се наведува во соопштението на владината Прес-служба, двајцата соговорници се согласија дека продолжува големата поддршка од Шведска за натамошен напредок на нашата држава во евроинтеграциите на Северна Македонија, по почетокот на преговорите, како и во реформите. Премиерот Ковачевски, се додава во соопштението, се заблагодари на амбасадорката Бенгстон за поддршката од Шведска во сите демократски процеси во нашата држава, во реформските процеси значајни за граѓаните, како и на патот на евроинтеграциите. На состанокот е разговарано и за активностите во рамки на предизвиците во енергетската област, како и за други актуелни прашања од значење за нашата држава, како и за државите од Европа и светот, стои во соопштението на владината Прес - служба. вг/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан