Коалиција „Вреди“: Инфраструктурни проекти во Општина Липково
- СООПШТЕНИЕ:
Скопје, 6 мај 2025
Заменик министер за Транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, одблиску ги инспектираше работите на еден од најважните инфраструктурни проекти во Општина Липково — реконструкцијата на патот Слупчане – Оризаре.
Главни податоци за проектот:
- Должина: околу 3 км
- Ширина: 5 метри
- Последна реконструкција: во 1998/99 година
- Вредност на инвестицијата: 570.000 €
- Извор на финансирање: Првиот повик на Владата до општините, преку Министерството за транспорт.
Овој проект е конкретен доказ дека филозофијата на владеење на ВЛЕН се претвара во конкретни дела, со фокус на регионална еднаквост, одржлив развој и инвестиции кои го подобруваат секојдневниот живот на граѓаните.
ВЛЕН ќе продолжи посветено со изградба на модерна инфраструктура таму каде што со години недостасувало институционално внимание. Нашата заложба е јасна: да градиме повеќе, подобро и поправедно.
Коалиција „Вреди“
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: Коалиција „Вреди“