• недела, 22 декември 2024

Коалиција ВЛЕН: Ако Ахмети навистина сака предвремени парламентарни избори, нека депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби ќе си замине од политиката

Коалиција ВЛЕН: Ако Ахмети навистина сака предвремени парламентарни избори, нека депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби ќе си замине од политиката

Скопје, 3 ноември 2024

Уште една потврда дека коцкарските бизниси имаат сериозно влијание врз политиките на ДУИ. Затоа, покерските блефови на Ахмети не треба да се сфаќаат сериозно.

Коалицијата ВЛЕН му порачува на Ахмети, наместо да ги храбри уплашените поранешни функционери со лажни барања за предвремени парламентарни избори заедно со локалните нека се посвети на внатрешни кадровски и програмски реформи.

Сепак, ако навистина сака предвремени парламентарни избори, прво нека депонира писмена гаранција
дека кога ќе загуби ќе си замине од политиката, за да не трошиме народни пари за проблемите на Ахмети и Села да спречат распаѓање на нивниот таканаречен фронт.

Коалиција ВЛЕН

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан