• петок, 22 ноември 2024

Коалицијата на зелените и лабуристите со најголем број европратеници на изборите во Холандија (ДПЛ) 

Коалицијата на зелените и лабуристите со најголем број европратеници на изборите во Холандија (ДПЛ) 

Брисел, 7 јуни 2024 (МИА) – Коалицијата на Зелената левица (ГЛ) и Лабуристичката партија (ПВДА) освои најголем број гласови и осум од 31-то холандско место во Европскиот парламент на вчерашните Европски избори во Холандија, покажуваат резултатите од излезната анкета на агенцијата ИПСОС спроведени за потребата на холандскиот јавен радиодифузен сервис НОС. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, според излезната анкета, на второто место се пласира националистичката и десно популистичка Партија на слободата (ПВВ) со седум мандати, пред конзервативно-либералната Народна партија за слобода и демократија (ВДД) на актуелниот холандски премиер Марк Руте со четири европратеници. 

Христијанско демократскиот повик (ЦДА) и социјал-либералната партија Демократи 66 (Д66) освоиле по три места во Европарламентот, а аграрното и десно популистичко Земјоделско-граѓанско движење (БББ) два мандати. 

По еден европратеник, според излезната анкета на ИПСОС, ќе имаат социјал-либералната партија Волт, демохристијанскиот Нов социјален договор (НСЦ), социјал-конзервативанта Реформска политичка партија (СГП) и Партијата за животните (ПВДД). 

Излезноста на изборите изнесувала околу 47 отсто, што е за пет процентни поени повеќе отколку на претходните Евроизбори во 2019 година. 

Коалицијата на Зелената левица (ГЛ) и Лабуристичката партија (ПВДА) освои најголем број гласови и осум од 31-то холандско место во Европскиот парламент на денешните Европски избори во Холанди

Инаку, според анеката околу половина од гласчите што на парламентраните избори лани во ноември гласаа за некоја од четирите партии што ќе ја фомираат идната холандска Влада, не излегле на денешното гласање. Така, на гласачките места денеска не се појавиле 56 отсто од гласачите на ПВВ, 59 проценти од оние што гласале за НЦС, 47 отсто од гласачите на ВВД, како и 44 проценти од граѓаните што на парламентраните избори гласаа за БББ. Доплнително, само 13 проценти од оние што гласале за НСЦ на ланските избори, денеска го дале својот глас за оваа партија.

Лидерот на коалицијата на зелените и лабиристите, поранешниот еврокомесар Јан Тимерманс изрази задоволство од изборните резулатати на неговиот блок и освоените 8 мандати.

- Ова покажува дека и прогресивна партија може да стане најголема на европските избори, изјави Тимерманс, потенцирајќи дека во новиот состав на Европарламентот ќе работат на „зајакнување и проширување на Европа“.

Лидерот на ПВВ, Вилдерс и честиташе на коалицијата на ГЛ-ПВДА на изборните резулатити, изразувајќи надеж дека неговата партија на крајот „ќе биде најголема според конечните резултати“.

Сепак, според него, и овој резулатат на ПВВ е „убав“, имајќи предвид дека досега партијата имаше само еден европратеник. - Јас сум неверојатно благодарен на гласачите, додаде Вилдерс. 

Носителот на листата на ВВД, Малик Азмани, изјави дека се „сосема среќни со резултатот“, иако се надевале на повеќе мандати.

- Можеме да бидеме прилично горди, бидејќи се чини дека ВВД станува трета по големина холандска партија во Европскиот парламент, истакна Азмани.

Според него, загубата на едно место во ЕП во споредба со досега не значи дека гласачите ја казниле ВВД за соработката со десничарската ПВВ во формирањето на новата влада на Холандија.

Задоволство од изборните резултати изрази и лидерот на Д66, Роб Јетен, кој оцени дека големи победници на изборите во Холандија се „позитивните европски сили“. 

- Навистина можеме да понудиме разумна алтернатива на екстремната десница и популизмот кои сакаат да ја уништат Европа одвнатре, додаде Јетен.

Задоволен од изборните разулати е и лидерот на Волт, Рајниер ван Лансхот, чија партија првпат освојува место во Европскиот парламент.

Задоволство од изборните резултати на неговата партија изрази и лидерот на БББ, Сандер Смит, кој изјави дека е можно на крајот да освојат и три мандати.

„Многу сум среќен. Можеби ќе имаме уште едно место, ќе видиме. Гласачот проговори. Јас сакам да ги претставувам и гласачите на другите партии во Брисел и да работам со нив, истална Смит.

Од друга страна, лидерот на НСЦ, Дирк Готинк изрази воздржаност, нагласувајќи дека треба да се почекаат конечните резулатати. 

- Тоа е многу чудна ситуација. Сега имаме излезни анкети со маргина на грешка од едно место. Така што навистина треба да почекаме и да видиме, изјави Готник, чија партија претставуваше пријатно изненадување на парламентараните избори минатата есен кога беше трета по бројот на освени гласови зад ПВВ и блокот ГЛ-ПВДА. 

Со гласањето во Холандија започнаа изборите за членови на Европскиот парламент, кои низ земјите членки на ЕУ ќе се спроведуваат во следните денови до недела. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан