• вторник, 16 јули 2024

Коалицијата „Менуваме“ со божикна забава за млади лица со и без попреченост

Коалицијата „Менуваме“ со божикна забава за млади лица со и без попреченост
Скопје, 8 јануари 2022 (МИА) - Коалицијата „Менуваме“ денеска во Скопје организираше „Инклузивна празнична забава“ за деца и млади лица со и без попреченост. На оваа божикна дружба, посетителите си добија и пакетче од Дедо Мраз. На музичката сцена настапија „Енерџи бенд“. Целта на настанот, како што соопштија организаторите во најавата, е „сите да си помогнеме заедно да бидеме чекор поблиску до општество без граници“, односно будење на свеста за животот на овие деца и млади лица со попреченост и нивна поголема социјална видливост. Настанот беше поддржан од „Клубот Дежаву“ во населба Аеродром, каде и се одржа, како дел од програмата „Агенда-2030“ на Коалицијата „Менуваме“.  си/вг/

Остани поврзан