• понеделник, 20 мај 2024

Книжевна вечер со Влада Урошевиќ на Филолошкиот факултет-Скопје

Книжевна вечер со Влада Урошевиќ на Филолошкиот факултет-Скопје

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - Деканатот на Филолошкиот факултет „Блаже Кпонески“-Скопје вечер од 18 часот во аулата на факултетот организира Книжевна вечер со Влада Урошевиќ - добитникот на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2023 година.

-Авторот ќе ја чита својата поезија на македонски, а студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” ќе презентираат препеви на неколку странски јазици, соопшти Деканатот на Филолошкиот факултет.

Академик Влада Урошевиќ годинава беше лауреат на поетскиот фестивал во Струга, а ја доби и книжевната награда „Роман на годината“ за 2022 година, за „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“. хс/вг/ 

Фото: МИА архива 

Остани поврзан