• понеделник, 23 декември 2024

Книги за Мајка Тереза во Националната библиотеката на Рига

Книги за Мајка Тереза во Националната библиотеката на Рига

Скопје, 11 ноември 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во Рига имаше повеќе работни средби во рамки на посетата Летонија, соопшти МНР.

Османи се сретна со претседавачот на Комитетот за надворешни односи во летонскиот парламент Рихардс Колс. На средба беше изразено задоволство од блиските односи и тесната соработка меѓу двете држави како во билатерален така и во мултилатерален план. Османи меѓу другото го информираше соговорникот и за текот на евроинтегративниот процес на земјава, потенцирајќи дека во овие сензитивни времиња, неопходно е зајакнување на европската перспектива во земјите од Западниот Балкан, како клучен двигател на европската реформска агенда.

- Северна Македонија како земја која негува мултиетничка демократија и e промотор на култура на дијалог, останува посветена за промоција на решавање на отворените прашања исклучиво преку дијалог и меѓусебно разбирање, истакна Османи, реафирмирајќи ја потребата од формирање на Парламентарна група за соработка со Северна Македонија во латвискиот парламент, за што доби поддршка од латвискиот соговорник.

Колс ја реафирмира летонската поддршка за евроинтегративниот пат на Северна Македонија и изрази очекување за ревитализација на парламентарната соработка во наредниот период.  Брифираше за состојбите во Балтикот, по руската инвазија во Украина, и повика на солидарност и максимална поддршка за Украина, изразувајќи признание за напорите на нашата земја на овој план. 

Во рамки на својот престој во Летонија, Османи ја посети Националната библиотека во Рига, при што му беа врачени книги од латонската книжевност, а тој подари книги од македонската книжевност, со цел промоција на македонскиот јазик пред летонските читатели, како и книги за Мајка Тереза.са/

Остани поврзан