• недела, 22 декември 2024

Кнесетот одобри дополнителни 7,8 милијарди долари за финансирање на војната во Газа за 2023 година

Кнесетот одобри дополнителни 7,8 милијарди долари за финансирање на војната во Газа за 2023 година

Тел Авив, 12 декември 2023 (МИА) - Комитетот за финансии на Кнесетот го одобри ребалансот на буџетот за 2023 година наменет за покривање на трошоците за борбите во Газа и на границата со Либан. 

Ребалансот предвидува дополнителни седум милијарди долари на првичниот буџет за 2023 година, зголемувајќи го на 138 милијарди долари, пишува „Тајмс оф Израел“. 

Дополнителниот буџет ќе обезбеди вкупно 7,8 милијарди долари финансирање на војните со Хамас и Хезболах и цивилните трошоци поврзани со нив.

Околу 4,5 милијарди долари од овие средства ќе бидат наменети за безбедносни трошоци, како што се набавка на оружје и исплати на резервистите на израелските одбранбени сили (ИДФ), додека околу три милијарди долари ќе бидат издвоени за финансирање на цивилните трошоци, вклучувајќи ги трошоците на државата за сместување на евакуираните од северниот дел и јужен Израел и финансиска помош за повредените за време на војната. 

Сослушувањата за ребалансот на буџетот на пленарна седница на Кнесетот почнува утре, а гласањето за буџетот во второ и трето читање е закажано за в четврток. 

Првиот ребаланс на воениот буџет за 2023 година беше изгласана минатата недела во Кнесетот. 

Со предлог законот за ребаланс на буџетот е предложено 8,1 милијарди долари да се насочат кон воените приоритети, со 4,6 милијарди долари за војската, а остатокот за цивилни работи. Од сопствени приходи ќе се остварат само околу 1,08 милијарди долари, што значи дека околу седум милијарди долари ќе се обезбедат со зголемување на државниот долг. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан