• петок, 22 ноември 2024

Клуге: Стапките на пренос на Ковид-19 се уште се превисоки

Клуге: Стапките на пренос на Ковид-19 се уште се превисоки
Женева, 28 јануари 2021 (МИА) - Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге денеска изјави дека стапките за пренесување на Ковид-19 во Европа се уште се превисоки, поради што здравствениот систем е под сериозен притисок и затоа е рано да се олабавување на мерките. - Треба да бидеме трпеливи, ќе биде потребно време да се изврши вакцинацијата. Научивме сурови лекции - отворањето и затворањето и повторното брзо отворање е лоша стратегија во обид за справување со коронавирусот, рече Клуге на онлајн брифинг. Според него, стапките за пренос на вирусот низ Европа остануваат многу високи, влијаат на здравствените системи и преоптоварените услуги, поради што е рано за попуштање на мерките. - Намалувањето на стапката на пренесување бара постојан, доследен напор, истакна тој, додавајќи дека треба да се има предвид дека нешто повеќе од три проценти од луѓето во регионот имале потврдена инфекција со Ковид-19. Клуге смета дека подрачјата што некогаш беа погодени силно може повторно да бидат погодени. Тој изјави дека вкупно 35 земји во Европа досега започнале програми за вакцинација со 25 милиони дози вакцини. - Овие вакцини ја покажаа ефикасноста и безбедноста на кои сите се надевавме ... Овој монументален потфат ќе го намали притисокот врз нашите здравствени системи и несомнено ќе спаси животи, рече Клуге. паг/

Остани поврзан