• петок, 22 ноември 2024

Клоп: Куп на африкански на нации во јануари е „катастрофа за Ливерпул“

Клоп: Куп на африкански на нации во јануари е „катастрофа за Ливерпул“

Ливерпул, 17 јануари 2020 (МИА) – Камерун ќе биде домаќини на Купот на африкански нации (КАН) во 2021 година. Поради неповолните временски услови во земјата во летниот период, турнирот е закажан за наредниот јануари, па, иако има уште цела година до почетокот, сепак, почнаа негодувањата кај дел од тренерите.

Меѓу таквите е менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп кој уште од сега размислува како ќе остане без Мохамед Салах, Садио Мане и Наби Кеита.

„Ќе мора да донесеме важна одлука ако мора да доведеме некои фудбалери. Не е едноставно да знаете дека четири недели ќе треба да играте без нив. Како клуб, мора да размислуваме во таа насока“, изјави Клоп за „Би-Би-Си“.

Купот на африкански нации во 2019 година се одржа во летоска во Египет, откако по традиција се организираше во јануари и февруари. Одлуката за поместување на турнирот беше донесена во 2017 година и наиде на одобрување од бројни европски клубови.

Со тоа се осигура дека КАн нема да се поклопи со проширеното Светско клупско првенство што ФИФА го планира во Кина во јуни во 2021 година. сѓд/

Остани поврзан