• петок, 22 ноември 2024

Кличко: Најмалку една жртва при гранатирањето на Киев

Кличко: Најмалку една жртва при гранатирањето на Киев
Киев, 21 март 2022 (МИА) - Најмалку едно лице загина кога вечерва беа погодени неколку станбени куќи и трговски кварт при гранатирањето на Подол, историскиот кварт на Киев, изјави градоначалникот на украинскиот главен град, Виталиј Кличко. Тој истакна дека во Подол одекнале неколку експлозии. - Според информациите што ги имаме во моментов, погодени се неколку куќи и еден од трговските центри, објави Кличко на Телеграм. Тој додаде дека на местото на нападот пристигнале спасувачки екипи, медицински работници и полиција. Пожарникарски екипи го гаснат големиот пожар во трговскиот пожар. На Твитер се појави видео снимка од наводното гранатирање вечерва на Киев. https://twitter.com/i/status/1505663634923528195 Западните медиуми напоменуваат дека не можат независно да ја потврдат оваа информација. гт/  

Остани поврзан