Клиперс го направи најголемиот камбек во НБА од 2009 година (видео)
- Екипата на Лос Анџелес клиперс го направи најголемиот резултатски пресврт во НБА во последните 12 години. Клиперс ноќеска го победија Вашингтон со 116:115, иако во втората четвртина заостану
![Клиперс го направи најголемиот камбек во НБА од 2009 година (видео)](https://new.mia.mk/images/20221112034115_big_730x400_76.webp )
Вашингтон, 26 јануари 2022 (МИА) – Екипата на Лос Анџелес клиперс го направи најголемиот резултатски пресврт во НБА во последните 12 години. Клиперс ноќеска го победија Вашингтон со 116:115, иако во втората четвртина заостануваа 35 поени.
Претходниот сличен камбек во НБА-лигата се случи пред 12 години на 21 декември 2009 година. Тогаш Сакраменто го победи Чикаго (102:98), надоместувајќи негатива од 35 поени на средбата. зс/
На 20 секунди до крајот Вашингтон визардс водеше со седум разлика (114:107), но и тоа не беше доволно за успех. Победата на Клиперс ја донесе Лук Кенард, кој погоди тројка под фаул на 1,9 секунди до крајот на четвртата четвртина, по што го реализира и дополнителното слободно фрлање.
![кенард](/articles/images/%d0%ba%d0%bb%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d1%80%d1%81-%d0%b3%d0%be-%d0%bd%d0%b0%d/oDdrLKwWY/placeholder.webp?use_watermark=0)