Клиниката за пулмологија ќе ги додели признанијата на најдобрите работници за 2025 година
- На настанот ќе бидат доделени признанија во вкупно седум категории, со кои, како што наведува Клиниката, се вреднуваат посветеноста, професионалноста и тимската работа на здравствените работници и организациските единици.
Скопје, 3 февруари 2026 (МИА) - Клиниката за пулмологија и алергологија - Скопје денеска организира настан за избор и доделување признанија на најдобрите работници за 2025 година.
На настанот ќе бидат доделени признанија во вкупно седум категории, со кои, како што наведува Клиниката, се вреднуваат посветеноста, професионалноста и тимската работа на здравствените работници и организациските единици.
Доделувањето ќе се одржи во присуство на целиот колектив на Клиниката, а за првите шест категории ќе бидат врачени признанија и парични награди.
Настанот е традиционален и се организира шести пат. мч/хс/
фото: МИА