• сабота, 18 мај 2024

Климатски активисти повторно го блокираа сообраќајот во Берлин

Климатски активисти повторно го блокираа сообраќајот во Берлин

Берлин, 28 април 2023 (МИА) - Групата климатски активисти „Последна генерација“ повторно го попречи нормалното одвивање на сообраќајот во Берлин со неколку блокади.

Околу 500 полицајци беа распоредени за да ги спречат или брзо да ги растераат акциите, соопшти утрово преку Твитер локалната полиција.

Портпаролката на полицијата ја опиша акцијата како „динамична“ и рече дека имало десетина блокади на улици во главниот град на Германија.

„Last Generation“ соопшти дека различни главни патишта и сообраќајни јазли кои водат во градот биле засегнати, вклучувајќи го и автопатот A100.

Групата повикува на порешителна акција за борба против климатските промени и за формирање на граѓанско собрание со избрани членови за да се справи со ова прашање. ссм/

фото: ДПА

Остани поврзан