• петок, 22 ноември 2024

Кливленд планира дa го размени или да го избрка Кевин Портер

Кливленд планира дa го размени или да го избрка Кевин Портер
Кливленд, 18 јануари 2021 (МИА) – Раководството на Кливленд ќе се обиде да го смени Кевин Портер со друг кошаркар или во најлош случај да го отстрани од тимот. Во соблекувалната на Кливленд започна конфликт, чиј поттикнувач беше 20-годишниот Портер, објави „Атлетик“. Кошаркарот бил незадоволен што неговиот шкаф му беше предаден на Торин Принс, кој неодамна се пресели од Бруклин, и тој сега се наоѓа во далечниот агол на соблекувалната. Самиот Портер допрва треба да игра оваа НБА сезона. Почетокот го пропушти поради бројни лични околности. Во текот на изминатите два месеци, тој беше вклучен во сообраќајна несреќа, беше обвинет за лошо ракување со оружје и зборуваше за смрт на социјалните мрежи. Договор на кошаркарот на Кливленд истекува во летото 2022 година. зс/

Остани поврзан