• сабота, 06 јули 2024

Клеј Томпсон го заработи првото исклучување во кариерата (видео)

Клеј Томпсон го заработи првото исклучување во кариерата (видео)
Феникс, 26 октомври 2022 (МИА) - Ѕвездата на Голден стејт вориорс, Клеј Томпсон, ја заработи својата прва суспензија во кариерата по 650 натпревари од регуларната сезона и 145 натпревари во плејофот на НБА-лигата.

Томпсон ноќеска на натпреварот со Феникс санс на гостински терен, најпрво имаше вербален дуел со лидерот на Санс Девин Букер, а потоа и мало кошкање кое можеше да премине во поголема физичка пресметка во третата четвртина. По инцидентот Томпсон не се смири и му кажа нешто на судијата Ед Малој, кој му даде втора техничка и автоматски исклучувачка грешка. Феникс победи со 134:105, Томпсон до исклучувањето имаше по два поена и асистенции за 19 минути со шут од поле 1 од 8 од поле. зс/

Остани поврзан