• понеделник, 23 декември 2024

КК „Баскет Кам“ со шест играчи влегува во младинските репрезентации

КК „Баскет Кам“ со шест играчи влегува во младинските репрезентации
Македонска Каменица, 1 август 2020 (МИА) - Дури шест кошаркари на КК Баскет Кам влегоа во поширокиот состав на младинските кошаркарски репрезентации на Македонија. Како што информираа од тимот четири играчи родени од 2007 генерација од 4 август 2020 година во СРЦ Кале-Скопје ќе ги започнат селективните тренинзи од втората фаза.
-Се работи за кошаркарите Матеј Митревски, Мартин Атанасов, Виктор Попов и Андеј Јованов кои ја продолжуваат традицијата на КК Баскет Кам за учество во националните бои на кошаркарската репрезентација, информираа од КК ,,Баскет Кам".
Во женска конкуренција Баскет Кам на поширокиот репрезентативен список во втората фаза влегува со две претставнички.
-Матеа Владимирова и Милена Зафировска заедно со врсничките од 2008 генерација ќе ги продолжат селективните тренинзи во СРЦ ,,Кале" во Скопје. Како и во машка конкуренција селективните тренинзи и тука започнуваат од 4 август 2020 година, додадоа од екипата.
Ова за стручниот штаб на тимот е уште еден голем успех на Баскет Кам кога станува збор за учество на поединци во младинските кошаркарски репрезентации на Македонија.
Баскет Кам покрај овие успеси и настапите на голем број младински турнири во и надвор од државата, бележи и одлични настапи во Првата женска и во Втората машка кошаркарска репрезентација на Македонија. Екипата во женска конкуренција до прекинувањето на натпреварите поради Ковид-19 беше во активна борба за влез во Плеј Офф разигрувањата, а машката екипа беше со обезбедено 5-то место на табелата. вс/вг/

Остани поврзан