КК Крива Паланка се пласираше во Суперлигата
- Со победата 93:65 остварена синоќа над екипата на Пробаскет од Кавадарци во 14. коло од Првата женска кошаркарска лига, екипата на Крива Паланка од Крива Паланка се пласираше Суперлигата.
Крива Паланка, 24 март 2021 (МИА) – Со победата 93:65 остварена синоќа над екипата на Пробаскет од Кавадарци во 14. коло од Првата женска кошаркарска лига, екипата на Крива Паланка од Крива Паланка се пласираше Суперлигата.
- Кошаркарски клуб Крива Паланка испишува нова историја во екипните спортови во градот. Работиме напорно сезонава, трета по ред во Првата лига, базирајќи се унапредување на нашите кошаркарки што потекнуваат од школата на клубот и посветено ја усовршуваме нивната игра повеќе од седум-осум години. Тие се главното јадро на тимот, но во преодниот рок направивме и некои промени во составот, донесовме две странски кошаркарки, а го засиливме и стручниот штаб со стратегот Слаѓан Ивиќ, така што, она што го зацртавме како цел и го остваривме, а тоа беше пласман во Суперлигата, изјави претседателот на клубот, Ведран Белешковски.
Покрај КК Крива Паланка од групата Исток суперлигашките мечеви ќе ги играат и Баскет Кам од Македонска Каменица и ЖКК Вардар, Скопје, додека во група запад во Суперлига се пласирани КК Работнички, ЖКК Бадел 1862, Скопје и ЖКК Струга 2009, Струга.
Натпреварите од Суперлигата на програмата се веќе од претстојниот викенд. ид/зс/