• сабота, 23 ноември 2024

Кишида: Јапонија ќе прифати бегалци од Украина

Кишида: Јапонија ќе прифати бегалци од Украина
Токио, 2 март 2022 (МИА) - Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека неговата држава ќе прифати бегалци од Украина, бидејќи Русија го напаѓа својот источноевропски сосед. Премиерот Кишида денеска рече дека понудата вклучува Украинци кои побегнале во Полска. „Планираме да започнеме прво со оние со семејства и пријатели во Јапонија, но нема да застанеме тука и ќе одговориме од хуманитарен аспект“, нагласи Кишида. Јапонија обично прифаќа само неколку десетици бегалци годишно од илјадници апликанти, а нејзините граници во моментов се затворени практично за сите странски посетители за да се спречат инфекциите со Ковид-19. паг/

Остани поврзан